October 7, 2024

МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

ВОДОЗАФАТИ

Зафатот на вода е дел од електраната која има улога да ги собере проектираната количина на вода и инсталираниот проток од реката. Друга функција е тоа што од водата отстранува сè што ќе им наштети на цевките и турбината, првенствено повлечените  наноси, суспендираниот талог, мраз и сите лебдечки предмети што ги носи водата.

Во пракса се случувало да од лошо дизајнирани водозафати  предизвикуваат оштетување на цевоводот и турбината. Трошоците за поправка и застојот во такви случаи  можат да бидат повисоки и од цената на самиот водозафат.

Постојат неколку видови на водозафати, но е стане збор само оние кои ќе се од наш интерес, особено за водозафат во самото  речно корито.

Да се формира водозафат треба да се прегради  реката со ниска бариера, обично во висина од 2 метра. Тоа најчесто е бетонска бариера што создава застој за притисок на коритото.  Бариерата треба да им овозможи непречен премин на мали и големи води.

vzahvat1

Тиролски тип на водозафат  често се користи за вода во планинските реки. Поставени се на дното на речното корито, како бетонска структура со хоризонтална решетка преку која поминуваат повлечените наноси. Составен дел на ваков водозафат е и таложница за песок, која е направена за да го собере суспендираниот талог од водата. Можат да се појават проблеми во работата од ваквите водозафати и затоа треба постојан надзор.

vzahvat2

Тиролски водозафат

Водозафатот Коанда е комбинација на профилиран бетонски праг со челична решетка. Таа е погодна за акумулирање на вода, каде што треба да се отстранат сите талози  што се поголеми од 1 мм. Нема подвижни делови и е многу погодна за планински реки, каде што имаат ниски температури во текот на зимата. Работниот  капацитет е од 100 литри / сек и до 3000 литри во секунда.

vzahvat3

vzahvat4

Принцип на работа – Коанда ефект

Страничниот водозафат обично е ставен на брегот на реката, непосредно до браната. Тоа се користи за зафаќање на повисоки количини на вода. Ако е поврзан со цевоводот, во продолжение се гради таложница. Примарна  задача е да се спречи влегувањето на влечениот нанос.

Страничен водозафат пред прагот со браната
vzahvat5

Страничен  водозафат – самозатворчки довод на вода во страна на влезот на каналот

vzahvat6

Водозафат на браната – мали брани, најчесто се користи за зафаќање на големи количини на вода (неколку м3/сек)

Exif_JPEG_422

Составен дел од постапката се решетки, уред за чистење решетки, сврзувачки елементи и комори вода

Exif_JPEG_422

Водозафат на мала брана

vzahvat9

Водозафат и стаза за риби

Facebooktwitterlinkedinrssyoutube