December 4, 2024

МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

ВАШАТА ЛОКАЦИЈА

За да може да се пресмета приближната снага на потенцијалната електрана на вашата локација, вие треба да го знаете следново:

– Количина на проток на вода во реката (кубни метри во секунда) (m3/sec)

– Колкава  е висинсктa разлика (корисен пад) од каде што се прифаќа и собира водата и до каде што водата се враќа  назад во текот на реката .

Моќта што ја има водата тогаш е еднаква на:

P = 9,81 * проток * бруто пад

Пример:

На протокот на 0,75 м3/сек

пад (бруто) 23 m

Бруто снага:

Pbruto = 9,81 * 0,75 * 23 = 169,22 KW :

P = 169,22 * 0,77 = 130,30 kW .

К = 0,77 коефициент на корисно дејство – ефикасност на електраната .овој коефициент е  променлив и зависи од неколку фактори.

lokacija1

Електраната  во целина е дефинирана од страна на два параметри: бруто пад  и инсталиран проток
Сите делови на електраната се димензионирани според овие параметри.

Електраната  како систем, се состои од:

-водозафат

-систем за транспорт на собраната вода

-Машинска сала со опрема

-Испуст на водата и нејзиното враќање во водотекот.

Зафатот треба да ја осигура и овозможи проектираната количина на вода, потребни за да работа на централата. Ефикасно да ја собере водата од водотеците и да ја префрли во транспортен систем (Канал или цевовод). Покрај тоа водозафатот  мора да го спречи влегувањето на талог и лебдечки тела во системот за транспорт на вода, за да се заштитат машинската опрема (турбина) и цевоводот. Добро дизајниран водозафат  е основа за добро и долготрајно работење на централата и на целата постројка.

Системи за транспорт на вода за електраните, најчесто се: отворен канал или цевоводот. За мали падови и големи количини на вода, се користат отворени канали со различен пресек.

Решение за транспорт на вода со канал, често зависи од конфигурацијата на теренот преку кој треба да поминува. За локации каде што имаме помал проектиран  проток, а повисоки падови се употребуваат цевководи.  Цевководите сега најчесто се направени од челик и пластични цевки. Примарна функција на цевоводот е да ја пренесува водата со минимални загуби.

Објектите кои се користат за сместување на хидротехничка и електрични опрема, турбина, генератор, цевен развод со вентили, електрични табли за управување, трансформатор и др.,обично се сместуваат во Машинската зградата и функционално се поврзани. Машинската заграда мора да биде обезбедена од поплави во доаѓањето на висока вода или веројатност на поплавни бранови кои се случуваат еднаш во 100 години.

Водата која помина низ турбината се испушта назад во реката. Функцијата на одводните канали е да овозможат непречено функционирање на турбината и водата безбедно да се врати назад во водотекот.

Во зависност од видот на теренот и реките, најчесто кај нас имаме електрани дефинирани  како проточно деривациони електрани. Проточни, бидејќи тие ги користат само протоците  на реките, а деривациони бидејќи е потребен пад  кој се создава на трасата на каналот или цевоводот.

lokacija2

Пример: проточна електрана со мал пад

lokacija3

Пример:проточна електрана со поголем пад.

Facebooktwitterlinkedinrssyoutube